(Фото+Видео) Пo обjaвyвaњeтo нa фoтoгpaфиjaтa oд aвиoнoт cитe гo пocтaвyваaт иcтoтo пpaшaњe – Штo ce cлyчyвa co дeвojкитe вo Aвгaниcтaн?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фотографијата од внатрешноста на авионот со 600 мигранти од Кабул до Катар го обиколи светот, а повеќето луѓе на социјалните мрежи го поставуваат истото прашање – Каде се жените?

Некои од коментари на социјалните мрежи се:

-Дали барем една жена успеала да влезе?

– Требало да има поголем процент на жени и деца

– Многу е разочарувачко што гледам само неколку жени и деца!

– Каде се жените и децата? Ова се здрави мажи кои можат да се борат и да ја вратат својата земја.

Како што пишува Дојче веле, и покрај тоа што Талибанците тврдат дека сакаат „мирен трансфер“ на власта, многу раселени Авганистанци пријавиле злосторства во последните денови. Тие ги напуштаат своите домови, плашејќи се од убиство, силување и принуден брак.

Една жена изјавила дека има гласини дека Талибанците ги земале девојчињата со себе, а ги убивале младите со тетоважи.

Втората жена која носела бурка и сакала да остане анонимна, рекла дека нејзината снаа и кажала дека Талибанците силувале 12-годишно девојче, а потоа го фрлиле во реката.

Објава може да погледнете ТУКА.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This