April 26, 2024, 10:10 pm

(Фото+Видео) ТВИТЕР ПОВТОРНО ,,ГОРИ“:Меланија Трамп повторно го одби Трамп, а потоа се појави во детска болница каде ги израдува најмалите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата дама на САД, Меланија Трамп беше во посета на детската болница во Синсинати, а оваа можност ја искористи по повод патувањето на својот сопруг Доналд Трамп во американската сојузна држава Охајо. За време на посетата во болницата, на Меланија ѝ се придружи советничката Келиен Конвеј и сопругата на републиканскиот сенатор во Охајо, Џејн Портмен.

Меланија откако стана прва дама на САД се залага за две области: подобрување на здравјето на децата и да им се помогне на оние кои се родени зависни од дрога. Таа е помеѓу првите кои започнала да дискутира на оваа тема, односно бебињата паѓаат во апстиненцијална криза, она кога бебињата се изложени на дрога додека се во утробата на мајката.

Меланија им донесе подароци на дечињата од болницата по повод предстојниот празник, Денот на вљубените. Таа помина квалитетно време со малите деца, а во еден момент мало девојче ѝ пришло на Меланија и ѝ рекло да ја земе во нејзините прегратки. Меланија веднаш прифатила.

 

“Децата секогаш ќе бидат мој приоритет и ја ценам можноста што можев да ги посетам овие деца денес и да бидам сведок за нивната сила”, изјави Меланија.

За патувањето во Охајо, првата дама на САД направи мудар моден избор и докажа дека ако малку си поиграме со боите, ќе добиеме една ефектна комбинација. Но, она што повторно најмногу привлече вимание е тоа што Меланија по кој знае кој пат го одби Доналд.

https://www.youtube.com/watch?v=skczga7hIOs

Односно, Трамп се обидел да ја држи за рака својата сопруга, која вешто ја сокрила раката под капутот. Во еден момент се забелжува како Доналд посегнува по нејзината рака, а таа “скромно” го одби.

После оваа снимка, Твитерџиите полудеа.

“Сега ми е јасно зошто Меланија носи капут кој ѝ е наметнат преку рамената. За да не може Трамп да ја држи за рака”.

“Меланија не сака да го држи овој човек за рака (не ја окривувам). Тоа е јасно и не е прв пат. Фатена е во стапица…личноста која се омажила поради пари, обично го “заработува секој долар”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This