- Advertisement -
Рускиот претседател Владимир Путин нурна во ледената вода во московскиот регион по повод православниот празник Богојавление – Водици.
Претседателот нурна во дупка исечена во форма на крст, се прекрсти и се спушти во водата три пати.
Претходно, портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков, објави дека Путин учествувал во капењето на Водици, дека тоа е негова традиција И тој нема намера да ја менува“.