(Фото+Видео) ШЕКЕРИНСКА: Народот дава и народот зема, “стопиле” 6297 гласа за 18 месеци, со нeпoтизaм, нeбeзбеднocт, лaжни ветувања, двојазичност, понисckи пензии и 100 други причини!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

6.297 гласови на прилепчани, толкава бројка СДСМ зaгyби во Прилеп за само година ипол откако ја презедоа локалната власт во градот.

На локалните избори во 2017 година, за актуелниот градоначалник Илија Јованоски гласале 23.398 гласачи, а само годин ипол подоцна на првиот круг од претседателските избори, СДСМ и Стево Пендаровски добија силен удар од прилепчани и резултат од 17.101 гласови во првиот круг.

Олку голем драстичен пад на една партија во градот под Марковите кули досега не е забележана. Сепак, тоа не е случајно и не доаѓа од нигде никаде.

Ова е предупредувањето на прилепчани за новите давачки, за 60% повисоките сметки за вода, мизерните 20-тина проценти на реализација на капитални инвестиции, уништувањето на спортот во градот, огромниот непотизам во сите јавни претпријатија и државни институции, пониските пензии за околу 12.000 прилепски пензионери, а секако тука се надоврзува и притисокот кон администрацијата, врз ромското и турското население, но и создаденото незадоволство во своите редови.

Сето ова е можеби повеќе од доволно за да се запали црвеното светло во редовите на СДСМ и за чистката која ја најави премиерот Зоран Заев.

Останува да видиме дали ова ќе значи оставка на Претседалот на Советот и на ОО СДСМ Прилеп и дали Талески ќе биде дел од најавената чистка?

Ви ја презентирамe легендарната изјава -"Народот дава, народот зема" од Радмила Шекеринска, дадена на 10 јануари, 2013 година во Прилеп.

Ви ја презентирамe легендарната изјава -"Народот дава, народот зема" од Радмила Шекеринска, дадена на 10 јануари, 2013 година во Прилеп.

Posted by Политички Циркус on Monday, April 22, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This