(Фото+Видео) Cтpaшнo нeврeмe во Загреб – Луѓето бeгaa од пoплaвeнитe улици во трговските центри, а кога нaдојдe водата и таму нacтaнa хaoc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Загреб синоќа беше погоден од силна бура, која предизвика поплави во делови на главниот град на Хрватска.

Како што пренесува порталот Индекс, дождот во Загреб почнал да врне околу 21 часот, што набрзо прерасна во бура, проследена со силен ветер и молњи.

Одделни трамвајски линии беа во прекин, голем број улици беа поплавени и поради тоа непроодни, а локалните власти им препорачаа на граѓаните да не се движат со автомобили.

Противпожарните и дежурните служби цела ноќ биле на терен. Тие извршиле над стотина интервенции, а при една од нив почина и пожарникар, кому му се слошило.

Поплавени се и делови од трговски центри, а голем број возила останаа заглавени под подвозниците.

Од невреме во послаб обем беа погодени и северна Далмација и Истра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This