April 19, 2024, 11:04 pm

(Фото+Видео) Co тeнџepe нa глaвa и пивo вo paкa: Диpeктop нa шкoлo вo Кочани нe гo ни видeл кpyжниoт тek

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов скандал ја тресе Македонија, овојпат во градот Кочани. Директор на основно училиште во Кочани, според информациите на социјалните мрежи проследени со фотографии и видео, во алкохолизирана состојба ја вршел својата должност за време на неговиот роденден, исто така во алкохолизирана состојба направил тешка сообраќајна незгода каде буквално „промашил“ кружен тек кој е во конструкција и возел низ него.

Но тоа не е се, според информациите на социјалните мрежи истиот тој директор во алкохолизирана состојба во угостителски објект физички нападнал сограѓанин од Кочани.

Имено, се работи за лицето Благој Петров, директор на основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани, кој низ градот според коментарите на граѓаните неретко може да се сретне во алкохолизирана состојба.

Според коментарите на социјалните мрежи, директорот Петров на 29.03.2019 г. го прославува неговиот родеднен во училиштето, со пиво во раката иако тоа е забрането со закон.

Исто така, директорот Петров, на 15.03.2021 г, прави сообраќајна незгода, каде влетува во кружните текови кои се градат во алкохолизирана состојба.

Овој „директор“ за време на пандемијата го има училиштето претворено во биртија, каде секојдневно се пие алхохол – велат граѓаните.

Она што е најшокантно е тоа што, Николчо Илијев, градоначалник на СДСМ во градот Кочани, во неколку наврати го „покривал“ директорот Петров, и наводно угрирал во полицијата да не се објават деталите за сообраќајката во која што учествувал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This