(Фото)ВОЕНА ВЕЖБА НА КРИВОЛАК: Армијата ја спроведе воената вежба „Есенска Бура“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На армискиот полигон „Криволак“ се спроведува вежбата „Есенска бура“. На вежбата припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции (баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон), Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од единицата за брзо распоредување, единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, а со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваат поголем број на вежбовни активности, соопштија од минисетрството за одбрана.

 

Како што посочија оттаму со вежбата воедно се врши и тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент.

Ова е прва ваква вежба во која учествуваат заеднички овие единици на АРМ, МВР и институции од кризниот менаџмент, и истата
ќе треа неколку дена, додаваат од министерството.

Фото
Република.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This