(ФОТО)ГО ПРЕКИНА МОЛЧЕЊЕТО: Карлеуша се огласи од Кина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јелена Карлеуша го прекина молчењето и се огласи после повеќе од 48 часа од последното обраќање на јавноста.

Пејачката која е во центарот на аферата поради експлицитните фотографии и пораки кои ги разменувале со фудбалерот Огњен Врањеш, а кои се појавија во јавноста, отпатува за Кина кај сопругот Душко Тошиќ и сега прв пат се огласи после повеќе од два дена.

Јелена на Инстаграм најпрво сподели видое снимка на која Душко си игра со нивната помлада ќерка Ника, додека во позадина се слуша и нејзиниот глас.

Карелуша потоа објави и фотографии од двете ќерки Ника и Атина од нивниот престој во Кина.


И Душко Тошиќ вчера се огласи по пат на социјалните мрежи и откри како навистина стојат работите, наспроти многу шпекулации за нивниот развод.

Освен што порача дека сега ќе бидат уште посилни, Тошиќ денеска на Инстаграм постави фотографија со Јелена и на неа „залепи“ смајли кое намигнува.

Колку што е досега познато, пејачката и понатаму е во Кина, каде Душко се наоѓа поради работните обврски, а судејќи по најновата објава на фудбалерот, нема ништо од разводот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This