ФОТОГРАФИИ ОД ПОЛНЕЊЕТО КУТИИ: Еве како се фалсификуваше референдумот – групно гласање и полнење кутии, снимени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Евидентни нерегуларности се случуваа за време на гласањето на референдумот во неделата.

Пред вратата на редакцијата на Економски Лидер, утринава, пронајдовме УСБ во кое загрижен граѓанин ни достави фотографии од групно гласање во едно избирачко место, кое очигледно е од албанската етничка средина – пишуваат од редакцијата на проталот.

Според називот на фолдерот, кој граѓанинот го доставил до „Лидер“, претседателот на избирачкиот одбор им кажува на гласачите како да гласаат.

Забележливо е и дека на избирачкото место има огромно знаме на Република Албанија, иако изборите се во Република Македонија.

Во описот на фотографиите, свиркачот вели дека кога го напуштале параванот гласачите ставале во кутијата и по 10 ливчиња.

-Ќе излезеа двајца или тројца од параванот и во кутијата ставаа 10 ливчиња. Потоа претседателот на избирачкиот одбор го кинеше истиот број на ливчиња од кочанот и ги даваше на човек кој ги носеше надвор. – стои во описот.

И покрај очигледниот фалсификат, власта не успеа да обезбеди успешен реферндум, на кој излезноста беше 36,91%.

Имаше и случаи кога излезноста во Албанските етнички средини се зголемуваше во периодот од 15 до 19 часот за над 70 проценти, по што математиките покажуваат дека се гласало на секои 17 секунди, што е практично невозможно.

Според некои проценки, кои ќе излезат неделава, фалсификувани се повеќе од 100.000 гласови, но ни тие не беа доволни да се постигне цензус.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This