April 24, 2024, 11:11 pm

ФОТОГРАФИЈА ОД МЕСТОТО НА ПРЕСТРЕЛКАТА: Тука започнала расправијата и биле застрелани партиските функционери на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Телевизија „Шења“ објави фотографија од местото на инцидентот кој вечерва се случи во Мала Речица, за која што тврди дека се гледа и сега починатиот Наип Реџепи – Беланока од Куманово. Инцидентот се случил откако Реџепи со уште две лица излегле од состанок со Хазби Лика во партиското седиште на ДУИ, и излегле на автопатот, по што биле запрени и по кратка расправија застрелани


Две лица се уапсени по престрелката во Мала Речица, која се случила пред седиштето на владеачката партија ДУИ во која едно лице го загуби животот, а две се повредени од кое едно лице потешко.

Загинатиот како што и претходно информиравме е Наип Реџепи од Куманово, викан Беланока, инаку висок функционер на партијата.

Неофицијално, престрелката се случила помеѓу скоспкото и кумановското крило на ДУИ, откако застреланите лица излегле од состанок со вицепремиерот Хазби Лика кој им доделил функции.

Набрзо потоа биле нападнати, а во нападот убиен е Реџепи.

Во меѓувреме, уапсени се две лица поврзани со нападот.

Се работи за лицата Б.Р. од Куманово и Л.Б. државјанин на Албанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This