(Фото)ДЕН НА ГНЕВОТ ВО ПАЛЕСТИНА: Двајца мртви, десетици повредени во израелските воздушни удари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца Палестинци се убиени, а десетици повредени во судирот со израелската војска во воздушните напади кои израелските бомбардери одговорија на палестинското ракетирање во петок, „ден на гневот“ поради едностраното американско признавање на Ерусалим за главен град на хебрејската држава

Обединетите нации се загрижени поради опасноста од ескалција на насилството по едонстраната одлука на американскиот претседател Дондалд Трамп за признавањето на Ерусалим за претстолнина на Израел, рекол во петок посебниот координатор за мировниот процес на Блискиот исток Николај Младенов, кој свика посебен состанок поради Ерусалим на кој европските претставници донесоа изјава дека американската одлука не е во склад со резолуцијата.

Илјадници Палестинци се одзваа на повикот да тргнат на Ерусалим да се судрат со израелската војска што резултираше со смртта на две лица и ранување на десетици други.

Од Палестинската енклава Газа во петокот беше лансирана ракета кон израелскиот град Сдерот, објави израелската војска не наведувајќи дали имало жртво. Тоа е трета ракета лансирана кон Израел во петокот кога во палестинските подрачја започнаа протести против одлуката на Трамп.

На ракетирањето од палестинските подрачја одговорија воените авиони кои уништија складиште со оруќје, објави агенцијата Ројтерс. Во нападот повредени се најмалку 25 лица, пренесува Ројтерс повикувајќи се на очевидци и министерот за здравство кој тврди дека сериозно се повредени најмалку шест деца.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This