April 18, 2024, 10:56 pm

(Фото)ДРАМА ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ: Студентите направиле импровизирани кампови, надлежните немаат распоредено легла!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се случува во студентските домови во Скопје, откако надлежните цело лето не успеале да направат распоред на легла помеѓу пријавените студенти. Додека чекаат, секој се снаоѓа како што може, а дел од нив направиле и импровизирани кампинг населби во дворовите на студентските домови „Стив Наумов“ и Кузман

 

Дали поради неажурност, или делба на легла на заслужни партиски членови и „плебс“ кој аплицирал за легло во еден од студентските домови во Скопје, е помалку важно. Она што загрижува е тоа што студентите веќе три дена се на улица, а од надлежните нема решение. 

Дел од студентите отвориле и импровизирани кампови, додека чекаат леглата да бидат прераспределени. Некои од нив се жалат дека наскоро почнуваат и испитните сесии, а тие немаат никакви услови за студирање. 

На социјалните мрежи исто така врие, а оние кои најгласно се жалат на хаосот се и оние кои веруваа во ветувањата на Туфегџиќ и Павле Богоевски кои ги убедуваа дека студентскиот стандард ќе биде драстично подобрен. 

И така, дојде живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This