(Фото)Лазе Велковски, нaчaлниk за бopбa пpoтив opгaнизиpaн kpиmинaл направил cooбpaќajka со cлyжбeно возило и пoд дejcтвo на aлxoxoл?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 90 евра на ден, или околу 4.000 евра чинел одморот на Началникот на организиран криминал во МВР Лазе Велковски, кој според информациите на „Инфомакс“ го добил како бакшиш од приватна фирма од чија сметка била платена приватната вила во првата крајбрежна линија на Охридското езеро во хотелот „Десарет“.

Но, за да биде целосна сликата за шерифот Лазе, одморот кој му траел два месеци – од 20.07.2020 до 10.09.2020 – го „крунисал“ со сообраќајна незгода во која оштетено е службено возило на МВР. И, за да не остане без возило тој си се послужил со друго службено возило за да го истера одморот.

Но, да бидам подетален.

Во периодот од од 20.07.2020 до 10.09.2020 година, Началникот на организиран криминал Лазе Велковски заедно со неговата сопруга и ќерка престојувале во вила на првата крајбрежна линија на Охридското езеро во хотелскиот комплекс „Десарет“. Според информациите на „Инфомакс“ сместувањето, кое чини 90 евра дневно било платено од приватна фирма, која спротивно на закон го наградила началникот.

Велковски продолжил да ја злоупотребува функцијата, па наместо со свое возило, се користел со службени возила на МВР, поточно на располагање го користел спортскиот „Волксваген Пасат ЦЦ“ со регистарски ознаки СК-2182-АИ.

Но „круна“ на летниот одмор на Лазе Велковски била сообраќајната незгода во која учествувал со друго службено возило на МВР. За време на техничката влада, началникот со црна „Шкода Октавија“ со регистарски ознаки СК-8152-АВ предизвикал сообраќајка, оштетувајќи го службеното возило. Бидејќи бил под дејство на алхохол, уште еднаш злоупотребувајќи ја неговата позиција во МВР, не е извршен увид, не одговарал дисциплински а возилото подолго време стои оштетено во МВР.

Кривична одговорност?

Според информациите на „Инфомакс“, против Лазе Велковски веќе е поднесена пријава до Внатрешна контрола на МВР, ДКСК но и до Основното јавно обвинителство.

Освен утврдување на дисциплинска одговорност по Законот за полиција, поради злоупотреба на средства на МВР, Лазе Велковски би требало да одговара и по неколку членови од Кривичниот законик.

Првично, Велковски треба да објасни дали е точно дека неговиот одмор бил платен од страна на приватна компанија од која спротивно на закон примил поткуп. Ако е тоа точно, која била причината оваа компанија да го „почасти“ началникот на организиран кримнал?

Според законот за спречување на корупција, Велковски морал да знае дека понуда за примање на подарок/поткуп треба веднаш да биде пријавена во соодветните институции, во спротивно, непостапувањето значи и соучество.

Избран или именуван функционер, како и друго службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал на кое му е понуден поткуп, должно е да преземе мерки на идентификација на понудувачот и да го пријави на надлежен орган.” – стои во член 44 од Законот за спречување на корупцијата.

Според членот членот 357 став 1 од Кривичниот законик, примањето на поткуп се казнува со казна затвор во траење од четири до десет години.

„Службено лице кое ќе побара или ќе прими подарок или друга корист или ќе прими ветување за подарок или друга корист да изврши за во рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морало
да го изврши ќе се казни со затвор од една до десет години.“

Но, освен за примачот на поткуп, одговорен е и оној кој нуди, односно дава поткуп. Казната за давање на поткуп е затворска во времетраење од шест месеци до пет години.

„Тој што на службено лице ќе му даде или ќе му вети подарок или друга корист за да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејство што не би смеело да го изврши или да не изврши службено дејство што би морало да го изврши или тој што посредува при ова, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“

Освен кривичното дело примање, односно давање на поткуп, Велковски би требало да објасни и каква потреба имал од користење на службените возила на МВР, а доколку немал професионална обврска, тогаш би значело дека тој ги злоупотребил ресурсите на државата за приватни потреби. Во ваков случај, Велковски би требало да се оправда во однос на членот 353 од Кривичниот законик.

„Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.“

Шерифска кариера на Велковски

Поранешниот директор на БЈБ, Лазе Велковски се прослави во македонските медиуми не со својата работа туку поради злоупотребата службено возило Ренџ Ровер со кое неговата ќерка и пријателките беа на одмор во Грција во кампот Евридики.

Тогаш министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски експресно постапи и го разреши Велковски од позицијата директор на БЈБ, а на неговата позиција дојде Сашо Тасевски близок соработник на Зоран Заев.

Но очигледно фиксацијата и фетишот на фамилијата Велковски на службени возила не заврши тука па така тој и натаму продолжил со злоупотребите на службените возила. Иако беше разрешен Велковски продолжи со работа во министерстовото за внатрешни работи како началник на Одделот за борба со организиран криминал.

 

A.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This