March 28, 2024, 12:33 pm

(Фото)ПОЛОВИНА МИЛИОН ДОЛАРИ ОПРЕМА ЗА МВР: Џипови, комбиња со специјализирана опрема, чамци, детектори – што сѐ доби МВР како донација од САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Техничка опрема во вредност од 510 илјади американски долари донираа денеска САД за македонското Министерство за внатрешни работи во рамки на Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност.

Македонската полиција доби две комби возила со мобилни единици за детекција на радијација, патролен чамец, теренско возило за полициската единица за службени кучиња и еден уред за обработка податоци.

Донацијата беше доделена денеска на свечена церемонија во Министерството за внатрешни работи, на која присустуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и американскиот амбасадор Џес Бејли.


Средствата, како што посочи Спасовски, веднаш ќе бидат ставени во функција во соодветните организациони единици на МВР, а ќе можат да ги користат и други надлежни институции во државата, како што е царинската управа.

-Од почетокот на воспоставување на граничната полиција во МВР во 2004 година, односно од почетокот на концептот на интегрираното гранично управување САД преку оваа Програма се најсилниот патрнер и поддржувач на реалното организациско, професионално и техничко етаблирање на граничната полиција, рече Спасовски.

Напомена дека преку програматане само што се доделени стотина донации во разновидна техничка помош, туку и стручна и професионална едукација и обука на полициски службеници на граничната полиција.

Амбасадорот Бејли додаде дека помошта што САД досега преку оваа програма и ја доделиле на Македонија изнесува над девет милиони долари.

-Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност во соработка со Министерството за енергетика на САД ја обезбедува оваа донација за да ги подобри капацитети на МВР, на царинската администрација и Дирекцијата за радициона безбедност, професионална гранична контрола и операции за внатрешна безбедност, рече Бејли.

Американскиот амбасадор нагласи дека обезбедувањето на границите е од основно значење на безбедноста на државата и регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This