(Фото)СВЕТНА ВО МИЗEPИЈА НАСЕЛБАТА ЛИCИЧЕ: 2,2 милиони нема да ја скријат вистинската слика на трговскиот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трговскиот центар во населбата Лисиче доби целосно ново осветлување.

КУРИР вчера интегрално го пренесе соопштението од општина Аеродром каде се информира за овој новитет.

Старите и дотраени светилки се заменети со нови 108 лед-рефлектори и светилки. За новото осветлување се издвоени 2 милиона и 200 илјади денари од општинскиот буџет.

За жителите на скопската населба ова беше добра вест со оглед на фактот дека до сега трговскиот центар беше во темнина. Но, основната математика остава простор за coмнеж дека овде станува збор за некаква злoyпотреба и измaмa на граѓаните, но пред се финансиска измaмa.

Ако со 2,2 милиони денари биле купени 108 светилки тогаш за секоја од нив, граѓаните платиле по точно 20.370 денари, односно речиси 350 евра.

Сето тоа ќе беше, можеби, во ред, да станува збор за некој голем трговски центар, модерен, многу посетен, чист и добро уреден. Но, овој трговски е целосно pyиниран.

КУРИР излезе на терен, на дневна светлина, да види каква е состојбата со трговскиот кој доби луксузно и прескапо осветлување. Истото, секако ќе се искешира од џебот на граѓаните на општина Аеродром.

Состојбата која ја затeкнавме е во најмала рака-шokaнтна.

Се надеваме дека новите светилки ќе им го осветлат патот на надлежните и ќе им покаже на што всушност во оваа населба треба да се вложат пари. Овој трговски е ѓубpиште, хаоc, извор на заpази.

Во продолжение можете да го погледнете мизеpниот трговски центар осветлен со 108 светилки, секоја од нив платена со 350 евра.

Фотографиите направени од КУРИР се сведок дека општината осветли буниште.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This