(ФОТО)СОВРШЕНО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Синчето на Онур и Шехерезад веќе е потпораснато и е прекрасно момче !

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Публиката ги запозна како Онур и Шехерезад, најомилениот турски пат Бергузар Корел и Халит Ергенџ, во серијата „1001 ноќ“ каде всушност се роди и нивната љубов, а потоа во 2009 година тие и се венчаа законски.

Во месец февруари наредната година тие станаа родители на машко дете кое се роди во една приватна клиника во Истанбул, а фановите на овие двајца актери беа пресреќни.

Бебето го доби името Али, едно од најпопуларните машки имиња во Турција, а денес тој е веќе потпораснато момченце кое има 9 години, а мама и тато ретко го покажуваат во јавност.

Сепак, папараците секогаш се околу нив, па кога ќе ги зачекаат заедно во ретки прилики имаат можност да го фотографираат и Али кој личи на својот познат татко.

На голема радост на нивните фанови, пред само неколку дена Бергузар Корел и Халит Ергенч имаа заеднички настап. Тие пееја заедно на сцената во Зорлу центарот во Истанбул.

Убавата актерка изгледаше елегантно во бордо фустан од Tanju Babacan, додека настапуваше на сцената покрај својот сопруг.





Концерот беше огранизиран од „Cev Art“, проект кој им обозможува на младите лица да го откријат својот талент во сферата на уметноста и да им овозможи услови да станат ѕвезди.

Инаку, една од најплатените актерки двојки во Турција, моментално ги гледаме во улогите на Азизе и Џевдет од драмата „Далеку од дома“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This