(Фото)СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ ШТИП: Еден маж и две жени го загубија животот, тешко повредено дете!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден маж и две жени го загубија животот, а дете е повредено во тешка сообраќајка која вечерва се случила на регионалниот пат Штип-Велес кај местото викано „Црна Точка“.

Од МВР за Курир информираат дека во несреќата учествувале две возила, марка „Голф“, со велешки и кумановски регистерски ознаки.

Според првичните информации на полицијата во кумановскиот Голф имало четири лица, еден маж, две жени и дете. По несреќата на лице место животот го загубиле мажот и едната жена, додека втората починала во велешката болница.

 

Детето кое било во возилото со повреди е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, но нема детали за неговата здравствена состојба.

Полициски екипи на местото на несреќата вршат увид, а се преземаат и мерки за утврдување на идентитетот на починатите лица.

Сообраќајот на овој регионален пат од 20:15 часот е затворен во двата правци.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This