(Фото)ЦРНИ ТРАНСПАРЕНТИ ПОСТАВЕНИ НИЗ ЦЕЛО СКОПЈЕ: Заев и СДСМ се црнила за Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Низ цело Скопје утрово осамнаа транспаренти на речиси сите поголеми раскрсници. На нив, граѓаните упатуваат пораки до владата предводена од СДСМ.

Имено, граѓаните на платна испишаа дека СДСМ и Зоран Заев се црнилата во Македонија.

Не е прв пат скопјани со овие зборови да се обратат кон премиерот и неговата партија, а со нив јавно го искажуваат своето незадоволство кон политиките.

Економијата секојдневно тоне, а во разни сегменти таа се одразува на буквално секој граѓанин.

Големи загуби се бележат и во земјоделството. На терет на земјоделците паднаа погрешните политики на Владата на СДСМ и Зоран Заев. Сезоната за откуп, за земјоделецот во Македонија стана вистинска голгота. Земјоделците се извисени, па наместо 50% ќе добијат само 30% поддршка за поевтин енергенс.

Девастирано е и целото образование. Студентите во домовите преживуваат голгота.

Пад во сите сектори. Граѓаните јавно го искажуваат незадоволството за крахирањето во државата направено од страна на власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This