(Фото) БЕЗ КОМЕНТАР: Нови 100 згради ќе никнат во општина Ѓорче Петров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Кисела Вода предложи ДУП со кој се предвидува изградба на над 100 згради во Расадник на „празно“ место каде што градбите треба да отпочнат од почеток.

Но, само неколку денови пред оваа тема да стане актуелна, во Општината Ѓорче Петров беше усвоен ДУП со име CЗ 20, кој ја опфаќа населбата Хром и централниот дел во Ѓорче Петров каде што исто така се предвидува изградба на над 100 објекти со намена А2 или колективно домување, но во густо населено и изградено подрачје.

Во ДУП-от во Хром просекот на висината на зградите е 13,5 метри, а има и такви на кои предвидената висина им е и 25,5 метри.

Ова значи дека во овој дел на Ѓорче Петров би се населиле околу 15.000 нови жители, ако се земе стандардот дека на секои 28 метри квадратни има по еден жител, околу 7.000 автомобили дополнително би го оптовариле сообраќајот, нешто за што е повеќе од јасно дека општината и нејзините институции немаат капацитет да ги администрираат потребите на сите овие нови сограѓани (градинки, училишта, паркиралишта, примарна здравствена заштита), предупредуваат граѓаните на општината.

Општината има усвоено одлука за продажба на три парцели за згради веднаш до главната улица, каде што треба да никнат три висококатници од кои едната 25,5 метри висина, другата 22,5 метри висина и третата 19,5 метри висина, некаде одприлика 150 нови станови.

Ќе се продолжи со продажба и издавање на одобренија за градба на сите локации кои се означени со црвено.

Нема информација колку анкетни листови се стигнати до општината, ниту пак колкава е бруто-станбената површина на овој ДУП. Во планот може да се увиди дека освен згради нема предвидено изградба на пешачки патеки, нова градинка, училиште ниту пак содржини од спортско-рекреативен карактер. Овој е дел од Ѓорче Петров кој што е нaјзагаден и од каде што мерните станици регистрираат рекордни ниво на ПМ10 честички. Сакаме да знаеме колку е зголемена квадратурата на зеленилото или што овој план предвидува во насока на зачувување и унапредување на животната средина, прашуваат граѓаните на Ѓорче Петров и апелираат на помош во бopбата пpотив несоодветанта градежна експанзија.

Актуелна е темата со ДУП-от во Расадник каде што локалните власти во Кисела Вода се во постапка на носење на план со кој…

Posted by Ѓорче Петров on Tuesday, November 12, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This