(Фото) Бугарските медиуми го зakoпаа 3aeв и CДCM: Арсовска нема бугарска лична карта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред два дена во Скопје изби скандал со бугарски шмек. СДСМ прикажа копија од лична карта, но таму е напишано името Даниела – со една буква разлика. Според споделената копија од личната карта таа е издадена во мај 2017 година со наведена постојана адреса во Петрич и со важност до 2027.

Нашиот известувач провери на веб-страницата на МВР за бугарски лични документи. На посочениот матичен број и датум на раѓање излезе: „Документ N: [6469489279] датум на раѓање [20.12.1979 година] не фигурира во списокот на валидни бугарски лични документи.“

Арсовска во недела се натпреварува во вториот круг со актуелниот градоначалник на главниот град Петре Шилегов од СДСМ.

Премиерот Заев побара Арсовска да се повлече од вториот круг. Таа одговори на обвинувањата на владејачката СДСМ за наводно поседување бугарски пасош.

„Разочарана сум. Како не се срамат? Штета што го направија ова два дена пред крајот на кампањата. Јас не поднесувам оставка, нека си ја подготви тој во понеделник“, рече Арсовска, мислејќи на Зоран Заев кој навести дека доколку СДСМ не ја добие градоначалничката функција во Скопје ќе поднесе оставка, пренесува 24 часа БГ.

Извор: 24 часа БГ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This