(Фото) ВАКА ЛИ ВО НАТО?!: Специјалните единици на АРМ завршија во простории во кои не се чуваат ни воени затвopeници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници евра ја чинат државата обуките кои ги поминуваат специјалните единици на Армијата на Република Македонија. Специјалние единици на македонската армија и возвратија на државата со низа меѓународни признанија, а неретко беа прогласувани за најдобрите елитни единици во светот, но за жал министерството за одбрана под капа на Радмила Шекеринска им нанесе низа на удари од политички причини кои ги доведоа пред целосен колапс.

Со новата трансформација на АРМ и намалувањето (уништувањето) на специјалните единици, кои беа гордоста на АРМ и кои имаат добивано признанија од многу држави и меѓународни организации, дел од вработените од Полкот за специјални операции се префрлани, односно прекомандувани во Баталјонот на Воена Полиција, и тоа на несоодветни места според чиновите и на места кои се некомпатибилни со нивните школувања и курсеви завршени во областа на специјалните единици.

Да биде уште поголема голготата низ која поминуваат припадниците на АРМ, покрај тоа што се кариерно уназадени, овие лица се принудени да работат и во катастрофални улсови, кои може да имаат директни последици врз нивното здравје. Ова е состојбата од просториите на дежурната служба на Воена Полиција, кој се наоѓа во објектот на Министерството за одбрана, кадешто може да се забележи дека има пола метар влага и подигнат под, а војниците дежураат таму по 24 часа. Додека има пари за октоподи и за ручеци кои вклучуваат и транспорт со армиски хеликоптери, војниците се изложени на работни услови кои се под секаков стандард и далеку од НАТО стандардите со кои министерката секојдневно се фали.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This