April 25, 2024, 10:12 pm

ФОТО: Вандализиран симболот на Данска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата данска статуа на Малата сирена, која го краси Копенхаген, веќе неколку пати е вандализирана. Досега статуата беше обоена, исшкртана, дури и на сирените им беше скршена раката и главата.

Оваа статуа утрово е жртва на политичка порака, односно графит „Слободен Хонг Конг“ што укажува на она што се случува на другиот крај на светот.

Копенхашката полиција соопшти дека инцидентот се случил во раните утрински часови и дека полициските кучиња ја претресувале целата област. Моментално ги прегледуваат снимките од надзорните камери, пренесува Си-Ен-Ен.

Со месеци во Хонг Конг се случуваат протести околу контроверзниот закон со цел да не се дозволи екстрадиција од Хонг Конг во Кина.

Но, ова не е првпат Малата сирена да доживее политички вандализам. Во 2017 година, таа беше пребоена со црвена боја, со пораката „Данска ги брани китовите на Фарските острови“.

Светски познатата скулптура е направена од бронза и гранит, заснована на приказната на Ханс Кристијан Андерсен за сирена која го дава својот живот за љубов кон принц.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This