(Фото) Вистинска зимска идила на Козјак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Снегот кој веќе неколку дена метеоролозите го најавуваа конечно пaдна. На само 40 километри од главниот град може да се види вистинска снежна идила. На Козјак веќе е побелено, а снегот продолжува нeпрекинато да пaѓа.

Фотогафиите во продолжение сведочат за зимската убавина која ја имаме оваа вечер:

Најавите на метеоролозите за деновите понатаму се значително опаѓање на температурите. Потоа нови снежни врнежи ќе има утре попладне и навечер и тоа во поголемиот дел од државава. На многу места од државава ќе се формира снежна покривка, додека во западните предели, особено на тие места каде што веќе ќе ја има истата, ќе се зголемува.

Многу постудено ќе биде од петок, па за време на викендот и на самиот почеток од следната недела кога температурите на мнгу места ќе бидат постојано под нулата, додека наутро понекаде ќе се спуштаат и до околу -13, -14 степени. На некои места истите има услови да се спуштат дури и до околу -18, -19 степени, особено на повисоките и планинските места.

Во петок и во недела ќе биде суво и променливо облачно со сончеви периоди, додека во сабота ќе има услови за локално и за слабо провејување на снег. Повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец и истиот ќе направи температурите на воздухот да се чуствуваат како пониски од реално измерените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This