(ФОТО) ВИСТИНСКА ЉУБОБ: Умрeлe заедно држејќи се за рака – во брак биле 70.години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедно лежеле во дом, еден до друг. Кога тој останал прикован за кревет ниту таа повеќе не сакала да станува. Ако тој би одбил храна и таа би одбивала…
Било прекрасно сончево австралиско утро. Вратата од малечката црква била отворена.
Внатре биле два ковчези, а покрај нив свештеник. Едниот ковчег бил помал, во него лежела
Норма Џун Платели (90), а покрај неа сопругот Френсис Ернест (92).
„Ковчегот на тато беше од левата страна, а на мама од десната, токму како што секогаш
спиеа во кревет. Ако е можно срце да пукне од тага, моето тој ден се распадна, додека ги
гледав по последен пат, еден покрај друг како што без последните 70. години“, рекла
нивната ќерка Аманда.
Додала дека нејзините родители пред крај на животот живееле во дом. „Таму не само што
делеле иста соба туку и креветите им биле многу блиску, доволно да можат да се држат за
рака, ако посакаат. Никогаш не сакале да се разделат. Животот од нив исчезна на 6.
јануари, нешто пред полноќ. Таа дишеше чудно, а тој беше невообичаено немирен“.

Медицинската сестра ги посетила, а кога се вратила десет минути подоцна и двајцата биле
мpтви. Умрeлe мирно и заедно, токму како што посакувале. Растојанието помеѓу нивните смрти бил толку кус што ниту лекарот не можел да одреди кој yмрeл прв па во извештајот ставил исто време, пренесува Daily Mail.
Норма, на чудење на лекарите,живеела подолго отколку што прогнозирале бидејќи имала
напредна Алзхајмерова болест. Пред три години и рекле дека нема да го доживее Божик.
Лани ја изгубила моќта на говор, Френсис се обидувал се’ за да ја задржи сопругата дома,
но иако имал помош повеќе немал сили да се грижи за неа како што треба, и тој веќе
станувал слаб.
Норма завршила во дом. Тоа му го скршило срцето. Секој ден со такси одел да ја посетува
и да минува време со неа. Ја хранел, и зборувал, ја држел за рака…
Заедно гледале и телевизија, на малекиот кауч во дневниот престој и таа често знаела да
му заспие на рамо, а тој се обидувал да биде што помирен за да не ја разбуди.
Наскоро ниту тој повеќе неможел да живее сам, после мозочниот удар, па го сместиле во
соба до Норма. Тој спиел од левата страна на нивниот кревет. Говорел дека неговиот дом е
таму каде што е таа.

Нивната ќерка се присетила како изгледало кога последен ден ги видела живи.
„Влегов во собата и клекнав пред тато. Го фатив за рака. Ги отвори очите и рече:„Ох,
Менди, слатка Менди. Сега би сакал да одам дома“. Не знам, дали мислеше назад
во семејниот дом или во рајот. Никогаш нема да знам.Но, знам дека беше уморен од животот
и сакаше да пронајде мир.Мама лежеше во креветот покрај него и се насмевнуваше“, се
потсетила Аманда.
Вели дека откако татко и имал мозочен удар и останал врзан за кревет, нејзината мајка,
иако била мобилна, само лежела во креветот покрај него. Кога тој одбивал храна ниту таа
не сакала да јаде. Ако не сакал да пие вода, ниту таа не пиела. Нивната поврзаност и
приврзаност биле неверојатни.
„Тато со задоволство раскажуваше како се запознале. Тоа било на игранка. Таа облекла
светло син фустан, а во црвнкастата коса ставила и цвеќе. Мислел дека гледа филмска
ѕвезда. И мама ја раскажуваше нивната средба. Често велеше дека после таа игранка
истрчала дома и на сестрата близначка и рекла дека запознала момче за кого ќе се омажи“,
додала Аманда.
За да и купи свршенички прстен во облик на ружа го продал својот стар Харли Дејвисон.
Аманда го пронашла писмото кое нејзината мајка му го испратила на татко и, на самиот
почеток на нивната врска. Во него пишувало:
„Мој мил сакан Френсис, толку сум возбудена што ќе станам твоја жена. Ти се заветувам
пред Бога дека ќе те сакам со сето мое срце и повеќе од било кој друг, до крајот на
животот“.
Во текот на животот добиле три деца – ќерка и два сина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This