(Фото) Владата се заплетка во ckaндалозното доделување на половина милион евра на општина Арачиново

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата и општина Арачиново уште повеќе се заглавуваат во скандалот со доделените половина милион евра неповратни средства. Првично Владата најави дека овие пари ги доделила за справување со последиците од ковид епидемијата, за вчера после реакциите на јавноста да избегне да даде одговор.

Имено Телевизија 21 побарала став од владата за тоа како е утврдена оваа сума од половина милион евра и дали некој ќе контролира како ќе се потроши, од владата не добиле одговор. Но затоа општина Арачиново одговориле дека парите ќе ги користат да покривање на долгови, кој достигнал 1 милион евра.

Сомнително е што Владата кога ги одобруваше парите, половина милион евра, ги намени за справување со последиците од ковид кризата, иако општина Арачиново не беше ни приближно сериозно жариште, какви што се многу општини во Македонија. Сега излегува дека тие пари ќе се користат за покривање на долгови што говори дека нема јасен критериум, зошто тие пари се одобрени, а уште помалку јасен план како тие пари ќе се трошат и на тој начин се отвора можноста за злоупотреба.

Општина Арачиново и градоначалничката Миликије Халими пред извесно време беше во центарот на вниманието кога во истражување на новинари се утврдило дека службените пари општината ги троши за набавка на маслинки, пилешки шунки, руски салати, гуми за џвакање, димено месо, босански суџук, шеќер, чоколади. Еден ваков шопинг Општината ја чинел од 7 до 8 илјади денари.

Патем според информации кои исто така може да се најдат на медиумите градоначалничката на Арачиново Миликије Халими од СДСМ кога дошла на функција наследила долг од 27 милиони денари, а денес општината според нивни извори должи 60 милиони денари. Тоа значи дека за еден мандат Халими и СДСМ успеале да го дуплираат долгот на општина Арачиново. Дополнително владата пред две години најави и веќе спроведе директна финансиска помош на општините со цел тие да ги намалат долговите, но како што гледаме залудно биле потрошени тие пари, бидејќи долгот во Арачиново наместо да се намали двојно се зголемил.

Општина Арачиново беше посочена од страна на Аце Коцевски, градоначалникот на Велес како општина која во 2018-та година во време на мандатот на Халими од СДСМ наплатила само 970 денари по основ на данок на имот. Ова говори дека кадарот на СДСМ, Миликије Халими исклучително лошо ја менаџира наплатата на даноците, основниот ресурс за финансирање и функционирање на една општина.

Затоа јавноста со право прашува зошто и се доделија на општина Арачиново половина милион евра, под кој критериуми. Дали на овој начин се покрива неспособноста на кадарот на СДСМ со народни пари или се исплаќа некоја бизнис или политичка концесија?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This