(Фото) Власта буквално не yбивa со својата нecпособност: Мakедонија меѓу првите во светот по cмpтност од ПМ25 честички

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе дојде и март, доаѓа и пролетта, а граѓаните на Македонија освен загаден воздух ништо друго не видоа во последниве четири години откако Заев заедно со СДСМ се на власт. Додека загаденоста најмногу ги мачи скопјани, Заев гордо излага и изјавува дека Петре Шилегов му е фаворит за втор мандат за претстојните локални избори.

Според economist.com, Република Македонија се наоѓа меѓу првите во светот со најмногу починати од ПМ25 честички заради согорување на фосилни горива. Фосилните горива ја ослободуваат мешавината од гасови и ситни честички. Најмалата класа од нив, позната како ПМ2.5 може да се смести во белите дробови на луѓето и да влезе во крвотокот, каде што може да ги влоши болестите и да доведе до смрт.

Доколку Заев ја реализираше гасификацијата која што ја ветуваше пред неговиот мандат, немаше да бидеме меѓу првите по смртност.

И додека Заев и Шилегов кој ветуваа брда и долини се возвишуваат, граѓаните немоќни се гушат и ги трпат последиците од загаденоста на воздухот во Скопје и низ целата територија на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This