(ФОТО) „ВОГ ГРЦИЈА“ ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО НА СВЕТСКАТА ЈАВНОСТ: Викторија Бекам изгледа фантастично на насловната страна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мартовскиот број на грчкото издание на магазинот „Вог“ го привлече вниманието на светската јавност. Причината за тоа е што насловната страна ја краси Викторија Бекам и тоа во фантастична сина креација на грчкиот бренд „Zeusndio”.

Сината боја и симболичниот наслов „Victorius“ беа и повеќе од доволна причина сите да посакаат да видат повеќе од оваа соработка.

Инаку, мартовскиот број има уште една насловна страна со Викторија, на која фокусот е на нејзиното лицe.

Зад фотографиите се потпишува познатиот фотограф Алекси Лубомирски.

„Ако животот е нaтпрeвaр, тогаш Викторија Бекам е шампион. Жена која се coочилa со професионалните и семејните пpeдизвици со еднаква храброст, победувајќи низ времето и времето повторно како некој на кој совршено му стои името што ја слави победата. Креативниот yм зад еден од водечките брендови во модата, член на една од најуспешните женски поп-групи во историјата, сопруга на еден од најбараните мажи на планетата и мајка на четири деца, Викторија Бекам ја краси насловната страна на „Победничкото“ мартовското издание на „Вог Грција“. Во фото-сесијата која ја прегрнува пролетта, повторното раѓање и светлива, Викторија позира пред објективот на реномираниот фотограф Алекси Лубомирски…“, е дел од објавата на Инстаграм профилот на „Вог Грција“.

Изданието ќе биде во продажба од 23.02, а со нетрпение очекуваме да ги видиме и останатите фотографии и разговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This