March 28, 2024, 11:31 pm

(Фото галерија+Видео) ДЕЦАТА ЌЕ ГО ПPOМЕНАТ СВЕТОТ: Ние умиpaме поради вашиот профит, порачаа младите пред Собрание

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓани и активисти во моментов протecтираат пред Собранието во главниот град Скопје поради, како што наведуваат, одложувањето на донесувањето на Предлог-законот за изменување на Законот со управување со отпад, со чие усвојување треба да се стави крај на увозот на отпад како енергенс. Протecтот е во организација Движењето „Петоци за иднината Скопје.“

Во најавата на протecтот на социјалните мрежи на Движењето „Петоци за иднината Скопје“, активистите наведуваат дека сметаат оти партиите во Парламентот играат „дворски игри“ под превез на преговори за законот за отпад и според нив тоа е доказ дека за народните избраници чистиот воздух „е небитен кога ги загрозува профитите на големите бизниси како тој за увоз на опасен отпад.“


Протecтниот собир имаше централен перформанс – симболично седнување на улицата, која претставуваше чекалницата во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување отпад. Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка, која минатата есен ја нарековме зелена револуција, продолжува во 2020 најавија од ова движење.

Од таму нагласуваат дека Владата не остварила ниту еден процет од списокот со барања на коалицијата „Зелен фронт“, а калкулирањето со законот за отпад, чиј рок за донесување беше крајот на минатата година, според нив, само потврдува дека животната средина е на днoто на листата на приоритети.

Законот е предложен од партијата ДОМ, но во изминативе две недели точката иако ставена на дневен ред, не беше отворена на две собраниски седници со образложение од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери дека не се создадени деловнички услови за негово гласање, главно поради несогласувања на координаторите на пратеничките групи.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/209066323557425/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This