(Фото галерија) ЗАПОЧНА ЛИДЕРСКАТА НА ВОДНО: Пристигна сите лидери на најголемите политички партии во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организирање предвремени парламентарни избори ќе биде во фокусот на лидерската средба закажана за попладне во 17 часот во претседателската резиденција „Вила Водно“, иницирана од претседателот Стево Пендаровски, откако државава не доби датум за почеток на преговори за членство со Европската унија.

Лидерската средба започна во проширен состав, таму е лидерот на ВМРО-ДПМН Христијан Мицкоски со генералниот секретар Игор Јанушев, потоа претседателот на СДСМ со секретарот Љупчо Николовски, Али Ахмети и Артан Груби од ДУИ, Африм Гаши од БЕСА, Мендух Тачи, Билал Касами и Зијадин Села.

Прв пристигна лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

По него пристигнаа и Биљал Касами лидерот на Беса, потоа Зијадин Села лидерот на Алијанса за Албанците, премиерот Зоран Заев и Мендух Тачи од ДПА. Веднаш потоа пристигна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This