April 26, 2024, 11:30 am

(Фото) Голем pacкол во CДCM: Актуелен пулен на 3aeв yдpи по Цpвeнковcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Круме Смилков, вработен во Центарот за комуникации на СДСМ и десна рака на вицепремиерот Љупчо Николовски се приклучи на внатрепартиските препукувања на социјалните мрежи во врска со активирањето на екс претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Расколот во партијата е веќе очигледен за целата македонска јавност, а се спремаат независни листи на советници за локалните избори од незадоволни структури на СДСМ во Охрид и Куманово, но и други градови ширум државата.

Кабинетот на екс претседателот на државата, Бранко Црвенковски во текот на вчерашниот ден не ја демантираше ниту најавата за формирање на новата партија која би ја предводел тој, Социјалдемократска Иднина.

-Многу сакам салонската елита да излезе од глувчешки дупки и јавно да ја обзнани новата партија која гласно ја заговараат. Нема што да ви е срам.

Истите тие кои 11 години редеа порази и не успеаја ниту еднаш да му се доближат на груевски и вмро, ќе го враќале СДСМ на старите патеки??? WTF?! Секој што му мисли добро на СДСМ, не би го враќал на порази. Барем јас така мислам. Или им пречи тоа што СДСМ победува без нив, им пречи дека господинот Заев, го направи тоа што нив не им успеа?

Но, добро е да излезат на листи, па на избори да увидат колку “тежат” и еднаш засекогаш ја затвориме таа приказна. Да се исчисти маглата околу нивните глави!

А СДСМ, под водство на господинот Зоран Заев, растеретено се спрема за уште една победа во низа на претстојните локалните избори, Пишува Круме Смилков на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This