April 19, 2024, 11:28 pm

(Фото) Градоначалникот на Кратово, Бојаџиев на лична сметка добил 12,5 илјади евра од државниот буџет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

При проста проверка на „Отворени финансии“ под името на Љупчо Бојаџиев, градоначалникот на Кратово, може да се забележи континуиран прилив од државниот буџет на негово име, во износ од 767 745 денари за неполни три години.

Прашање е за што му се префрлани пари ОД Министерството за финансии, но и од Совет за јавни набавки на градоначалникот на Кратово? Ако биле за општински работи, општината има сметка, па не би требало да биде на приватната на градоначалникот?

Доколку пак биле за обуки, како пишува во делот од парите префрлени под делот каде пишува Јавни набавки, со додавка обуки, надоместок за поднесено барање, како е можно само во ден 09.11.2017 година, Љупчо Бојаџиев да заработил 76 545 денари? Или Бојаџиев тој ден присуствувал на вкупно 29 предавања?


Уште поголемо прашање е што направил Бојаџиев во месец ноември 2017 година бидејќи само за тој месец од Совет за јавни набавки на негова сметка се легнати 216 090 денари?

Или дали тој на некои предавал, а на други слушал, затоа што сумите токму за тој ден се различни, од 1 260 до 5 670 денари? А што би предавал градоначалник, по професија и образование доктор, очен лекар? Но, доколку слушал предавања на обука, како државен службеник ќе добиел можеби надоместок како дневница, па дали неговата дневница, но и чии други дневници изнесуваат по 5 670 денари?

Доколку навистина се работи за обуки на кои што присуствувале повеќе лица, повторно е прашање зошто се исплаќаат пари само на Љупчо Бојаџиев, бидејќи под Назив на примател стои неговото име? Дали евентуално другите немале име, немале сметки или пак, свесно се доведени во ситуација државни пари да се делат „на рака“?

Легнувањето на буџетски пари на сметката на кратовскиот градоначалник продолжува и во 2018 и во 2019 година, директно од Министерството за финансии, кое во неколку наврати во двете години му исплаќа вкупно 551 655 денари. Од нив, само во 2019 година во два наврати му дава 532 755 денари, односно во јули 250 000, а во септември 282 7555 денари. И повторно назив на примач на средствата не е општинското име туку лично неговото, Бојаџиев Љупчо.

Очигледно дека очниот лекар Љупчо Бојаџиев на привремена работа како градоначалник на Кратово, има за објаснување, по кои основи од државата на негово име од ноември 2017 година до септември 2019 година се исплатени вкупно 767 745 денари?

Се поставува прашањето дали министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со кого е во многу блиски релации, по допрен глас ќе поведе постапка за горенаведеното ?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This