(Фото) Груби ja пpими пpвaтa дoзa нa вakцинaтa пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Г. Артан Груби денес ја прими првата доза на вакцината против Ковид-19.

По вакцинирањето во просториите на поликлиниката Чаир која служи и како Ковид центар, Груби апелираше до сите граѓани да се пријават за вакцинација на веб-страницата на министерството за Здравство, vakcinacija.mk бидејќи само на овој начин ќе се постигне имунизација на целото наше население и во исто време ќе го поразиме овој вирус.

Во продолжение изјавата на првиот вицепремиер Груби:

„Во согласност со одлуката на Република Северна Македонија, денеска ми дојде редот и мене да се вакцинирам во поликлиниката Чаир и штотуку го завршив процесот на вакцинација. Сакам да изразам огромна благодарност до целиот медицински персонал, помошниот персонал кој им помагаат на граѓаните и помагаат вакцинацијата да продолжува секој ден. Сакам да апелирам до сите граѓани кои се регистрирани на порталот vakcinacija.mk да одговорат на поканите, да се вакцинираат, додека оние кои сеуште не се регистрирани да го направат оваа затоа што трае многу кратко, само неколку минути на порталот за вакцинација и самиот процес на вакцинација е краток и апсолутно безболен и 100% безбеден, затоа ве повикувам сите да се вакцинирате и да не доцниме да се вратиме на нашиот вообичаен живот“. – истакна Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This