(Фото) Гo нaпaднaлe тaкa штo гo зaклyчил пpoфилoт: Пopaди oбjaвa нa глyпaв aмepикaнeц ce oбeдиниja бaлкaнcкитe нapoди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американец се нашол на удар на “заеднички оган” од Срби и Хрвати по бесмислена објава на Твитер.

Објавата на еден Американец на Твитер направила нешто што многумина мислат дека е невозможно – ги обединила Србите и Хрватите. 

Мажот, кој очигледно не знае многу за Балканот, објавил статус кој предизвикал лавина од негативни коментари на луѓето од нашите простори.

Имено, откако извесен Дин Јеоманс дал прилично грозна слика за Балканот, Срби, Хрвати и Босанци го нападнале со коментари, поради што го заклучил профилот.

“Факт е дека Балканот е многу сиромашен регион и не верувам дека повеќето луѓе во Србија, Босна и Хрватска имаат пристап до компјутери и мобилни телефони, па не мислам дека многу Словени се на Твитер и пишуваат на кирилица. Поради тоа, веројатно станува збор за руски ботови”, напишал Дин во еден од своите твитови.

Момчето кое тврди дека има црн појас во карате и себеси се опишува како студент и човек кој се надева дека ќе работи во Министерството за надворешни работи, така се нашло на жесток удар на многумина од просторите на поранешна Југославија.

“Дин, молчи, ни каратето не може да ти помогне сега. Кога ќе сфатиш дека Русија не е главен град во Европа, тогаш ќе може да зборуваш, но немој ни тогаш. Ти го праќам ова од микробрановата, јави се кога ќе стигне”, напишал еден корисник на Твитер.

“Димни сигнали и друго. Тука во Хрватска за жал мораме ги извикуваме од брдо нашите твитови, тоа тука го викаме “ојкање”. Успеавме да го кренеме нивото на ојкање на седум ОПМ оваа година поради изолацијата”, му напишал еден Хрват.

Другите биле воодушевени од тоа како балканските народи можат да бидат сложни кога имаат заеднички непријател, во овој случај Дин.

“Барем сме сложни кога вакви кретени не навредуваат”, напишал еден корисник на Твитер.

“Само ние имаме право меѓусебно да се навредуваме, не таму некои странци”, напишал друг.

Откако Балканците го нападнале, Дин веројатно малку се исплашил и го заклучил профилот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This