(Фото) Децата со циcтичнa фибpoзa од бoлницaтa во Козле оставени на нeмилocт и бeз гpижa?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родителите на децата со цистична фиброза се лечат во Центарот за цистична фиброза кој е во рамки на Детската болница Козле, поточно во Институтот за белодробни заболувања кај децата. Но, оваа институција од неодамна е пренеманета во КОВИД болница, а родителите на децата кои ја имаат оваа сериозна болест се револтирани и реагираат до здравствените власти, и до директорот Ангелчо Андоновски. Сепак, вообичаено без одговор, или никаква грижа од надлежните за овие деца.

-Нашите деца со цистична фиброза се лечеа во Центарот кој е во рамки на Болницата Козле, а вие сега го пренаменивте во КОВИД центар. Со ова нашите деца ги оставивте на немилост, не оставивте нас само да се снаоѓаме, реагира еден загрижен родител до директорот, Ангелчо Андоновски.

Друг родител укажува дека директорот како лекар мора да знае какви се опасностите за овие деца доколку им се влоши состојбата или доколку не дај боже, се заразат со КОВИД-19.

Сепак здравствените власти сметаат дека се е под контрола. Но, тие сметаа дека ситуацијата е под контрола и кога има 30-тина заразени во едно деноноќие, а за нив и сега е се под контрола кога бројката на новозаразени во едно деноноќие достигнува до дваесет проценти од вкупно тестираните или по повеќе од сто лица.

Станува збор за лица кои имаат пократок животен век или во просек од 42 до 50 години. Симптоми на цистичната фиброза се слаб раст и слабо зголемување на телесната тежина и покрај нормално внесување на храна, чести инфекции на градите, кашлање и останување без здив. Симптомите најчесто се јавуваат во раното детство, како опструкција на дебелото црево.

Но, зошто за ова би се интересирал некој претставник на власта или здравствениот систем. Во целиот период на епидемија со КОВИД-19 само дојде до израз неспособноста на здравствените власти. Не само што дојде до израз нивната неспособност, туку го направија здравствениот систем целосно нефункционален.

Здравството се распаѓа, здравствените работници се на раб, функционираат деноноќно и никој од надлежните не реагира.

И никој, ама баш никој не се грижи за здравјето ниту на овие деца, ниту генерално на граѓаните. Тоа што се прави е само лична агенда, лична агенда на Филипче, Заев и СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This