(Фото) Досега необјавени фотографии: Еве како изгледа специјалниот воз на Путин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руските медиуми објавија фотографии од специјалниот воз во кој рускиот претседател Владимир Путин и рускиот премиер Дмитриј Медведев имаат лични вагони.

„Само претседателот и Премиерот имаат право да се возат во специјалниот воз. Возот е заеднички kонтролиран од Дирекцијата за работи на претседателот на Русија и руската железничка компанија“, пренесува Комсомолскаја Правда.

Кoмпозицијата е составена од два нови руски дизел локомотиви TEP70BS. Повеќето вагони, вклучително и личниот вагон на премиерот Медведев, се направени во фабриката Твер Вагон. Неколку вагони се направени во Источна Германија.

За време на последното патување на Медведев од Новосибирск до Барнаул, возот се состоеше од девет вагони. Во првиот вагон беше сместен Специјалниот центар за комуникација, додека во вториот беше возачот и службениците на Руската железница, кои беа задолжени за управување со специјалниот воз.

Третиот вагон беше за Федералната служба за безбедност, додека во четвртиот патуваше рускиот премиер. Во неговиот личен вагон има биро, кујна, тоалет и кревет. Во вагонот на Медведева има и сала за состаноци во која има маса за шест лица и голем телевизор.

Според извештаите на медиумите, и рускиот претседател има свој вагон.

Во петтиот вагон има ресторан. Идовите се украсени со дрвени врежани панели.

Во шестиот вагон патуваат министри и високи функционери. Вагонот број седум, како и бројот осум, се обични вагони за спиење. Деветтиот вагон e издвоен за печатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This