(Фото) Дeтaлнa aнaлизa нa пpoф. Трајковски: Дали ќe тpeбa нoв лoкдayн нa кpaјoт нa oктoмвpи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси сите индикатори се согласуваат дека дојдовме до минимумот на бранот, вели проф. Дејан Трајковски.

На дијаграмот гледаме параболична (квадратична) регресија на дневниот број на нови слуачи, со која го опишуваме врвот или долот на секој бран. Дури и без никакво десезонирање, без отстранување на влијанието на денот во неделата и намалениот број на тестирања, јасно се гледа дека е достигнат долот. Оттука дневните броеви можат да одат само нагоре, иако подвижните средини (не се тука прикажани) се уште покажуваат надолен тренд. Како задоцнети индикатори, по 7-10 дена и тие ќе го покажат минимумот.

Денеска седумдневниот просек на ефективниот репродукциски број Rt веќе излезе над единица (Rt = 1,04 ± 0,27). Дури и тој покажува дека преносливоста, иако одвај мерливо, сепак започна да расте.

Ги чекаме утрешните броеви, па ако искачат над 570 новодијагностицирани, тоа би била уште една потврда дека надолниот тренд е веќе завршен. Се покажа дека првиот абер што го добивме од растот на стапката на позитивни тестови беше точен, анализира тој.

Вели иако гледаме застој и во намалувањето на бројот на активните случаи, а веројатно истото се случува и со бројот на хоспитализираните, продолжуваме со бранот на Делта сојот, но овој пат од многу понеповолна позиција, со преку 900 хоспитализирани.

Нема да биде лесно, вели Трајковски додавајќи дека речиси е сигурно дека во текот на октомври или почетокот на ноември ќе дојде до преполнување на болниците и дека ќе има потреба од нов локдаун, доколку здравствените власти сакаат да избегнат катастрофа.

Додуша, веќе видовме дека се во состојба да толерираат десетици смртни случаи на ден, тврдејќи дека ситуацијата е под контрола, но овој пат ќе биде навистина сериозно.
Ваков старт, со повеќе од 900 хоспитализирани, досега не сме имале. Да се потсетиме, во минатоесенскиот бран влеговме со само 330 хоспитализирани, но дури и со помалата преносливост на дивиот, вухански сој до ноември болниците се преполнија. Сега, со речиси 3 пати поголема преносливост, недоволен број на вакцинирани и прележани, со ефективност на вакцините против заразување ваква каква што е, со просечно време од 59 дена по втората доза кај вакцинираните и имунитет во слабеење, преполнувањето може да дојде многу побргу. Во Србија есенскиот бран се надоврза на летниот, што беше очекувано, затоа што кај нив вакциналната кампања започна 3-4 месеци пред нашата и многу малку остана од имунитетот против заразување. Да се надеваме дека ефективноста против смртен исход сé уште ќе држи, слично како во Западна Европа. Всушност, кај нас поголем проблем претставува невакцинирањето, отколку бледеењето на имунитетот, што претставува една грижа повеќе.
Иако останува малку време за создавање вакцинален имунитет на тие коишто ќе примат прва доза деновиве, сепак вреди да се проба – макар и една доза или штотуку примена втора се подобри од ништо, вели проф. Трајковски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This