April 26, 2024, 10:15 pm

(Фото) „Дoбpoдoшли“ – oгpoмнo пaнo вo хaлa зa нa бeлгpaдcкиoт caeм: Илjaдници гpaѓaни oд цeлa екс-Југославија, нo и cтpaнци oд Европа oтидoa дa ce вakциниpaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последните фотографии од белградскиот саем каде овој викенд се спроведува масовна вакцинација на граѓаните буквално од сите краишта на екс-Југославија покажуваат неверојатна заинтересираност за заштита од Ковид-19. Фотографиите се од редакциите на Танјуг и Блиц и на нив се гледа повеќеметарски колони од луѓе кои трпеливо чекаат да им дојде редот за имунизација.

Утринава цели колони возила чекаа за влез во Србија на граничниот премин Табановце. Слична ќе биде сликата и утре, бидејќи огромен број граѓани решија да се вакцинираат, нагласувајќи дека ова е шанса особено поради фактот што кај нас се уште не е започната масовната имунизација.

Освен од Македонија, викендов Србија им посакува добредојде и на граѓаните од Босна, Црна Гора, од Хрватска, од каде се пријавиле дури 8.000 за вакцинација, но има и странци од Холандија, Словачка, па и од Германија.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од новинската агенција Танјуг и Блиц.рс од Белградскиот саем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This