(ФОТО) ЕЛЕКТРИЛНИОТ МУСТАНГ ПРИСТИГНА ВО ЕВРОПА: Ќе има автономија од 600 километри со полна батерија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот електричен кросовер со знакот на Мустанг ќе има автономија од 600 километри со полна батерија.

Европската верзија на Електричниот Мустанг „Mach-E“ е претставена во Лондон во рамките на манифестацијата Форд „Go Electric“. Како што велат од Форд , европскиот „Mach-E “ ќе биде прилагоден за потребите на европските возачи и патишта.

Во верзијата со продолжен радиус на движење, автономијата на електричниот Мустанг изнесува и до 600 километри, мерено според „WLTP“ стандардот, велат произведувачите.

Батеријата подржува брзо полнење, па на брз полнач од 150 киловати може со 10 минутно полнење да се поминал 93 километри.

Како што велат од Форд, најпопуларната варијанта на „Mach-E “ е верзијата со заден пoгpн и продолжена автономија на возење.

Според нивните податоци, дури 85% од потенцијалните купувачи изразиле интерес за оваа опција. Цените и останатите детали за моделот за европски пазар треба допрва да бидат соопштени.

Во САД Мустанг „Mach-E“ се нуди во пет верзии, со почетна цена од 43.895 долари, без пресметани субвенции. Базичниот модел со заден пoгoн има батерија со капацитет од 75,7 kWh, 258 кoњcки cили и радиус на движење од околу 370 километри.

На спротивната страна од спектарот е најдобрата „GT“ изведба која чини од 60.500 долари. Овој модел има автономија на возење од околу 378 километри а располага со 465 кoњcки cили. Мустанг „Mach-E GT“ од о до 96 километри на час забрзува за околу 3,5 секунди.

Погледот во кабината на електричниот Мустанг открива дека во него доминира голем, 15,5 инчен екран од мултимедијалниот систем, сличен како кај некои Тесла модели, преку кој се подесуваат разни команди и функции во автомобилот.

Станува збор за последната генерација на Фордовиот „SYNC“ мултимедијален систем кој овозможува и гласовни команди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This