(Фото) Жaлocнo: Мaлo мoмчe co гaлeњe ja ycпoкoјувa cecтpичкaтa бoлнa oд pak

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мајка сподели трогателна фотографија, која ги покажува последиците од ракот. Емотивната фотографија го прикажува нејзиниот мал син како ја гали неговата сестричка која се измачува со гадење предизвикано од хемотерапијата.

Кендра одлучила да ја објави фотографијата за ја подигне свеста кај луѓето за ракот кај децата и да ги натера да ги остават предрасудите зад себе.

На малата Бриел ѝ бил дијагностициран неуробластом во четврт стадиум во јуни годинава.

– Моите проблеми станаа малку помали:

Планирав да објавам фотографија од прекрасна невеста која совршено одговара на мојот профил, но наместо тоа, одлучив да објавам фотографија која ми го допре срцето.

Истрчав горе за да ги грабнам лековите против повраќање, а кога се вратив долу, ја видов најслатката врска помеѓу мало братче и неговата сестричка која се бори со ефектите од хемотерапијата.

Претходно јас ја триев на грпчето, а Рикстон продолжи да го прави тоа кога јас не можев да бидам покрај неа.

Блискоста која ја чувствуваме како семејство е неверојатна.

Премногу сум горда кога гледам како мојот син се грижи за неа во овие тешки времиња. Ние сме во ова заедно! Нејзината битка е и наша битка!

Кендра постојано ги известува своите фанови за состојбата на нејзината ќеркичка. Непосредно по дијагнозата таа напиша:

Апсолутно ништо на овој свет не може да ве подготви за оваа вест која ние ја добивме синоќа. Кога докторот излезе од собата, паднав на подот зашто повеќе не можев да ја издржам силата на сопственото тело. Со сопругот се гушкавме, а многуте солзи го прекрија студениот болнички под. Плачевме без вистински да веруваме дека ова е нашиот живот. ОВА НЕ им се случува на реални личности.

Требаше да биде АРТРИТИС!!! Не ми се верува дека таа поминуваше низ толку многу нешта со толку малку поплаки. Таа е најсилното мало девојче кое го познавам, па не сум многу изненадена.

МРАЗАМ МРАЗАМ дури и да го изговорам овој ЗЛОБЕН збор, но РАК е нешто што никогаш не мислев дека ќе го слушнам.

Дали животот ни беше прелесен? Дали си играв со неа доволно? Дали таа знае колку лудо ја сакам? Дали можевме да ја одведеме на доктор порано? Од каде се појави ова? Дали е ова реален живот? Зошто ова им се случува на невини деца?

Ова е само МАЛ дел од прашањата кои си ги поставував во изминатата недела. Седумдневниот престој во болница те тера да размислуваш. Ужасните прашања секогаш ти се во позадина на мислите и знаеш дека сите ги помислуваат, но никој не ги изговара гласно.

Септември е месец за подигнување на свеста за ракот кај децата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This