(Фото) Жecтоки peaкции: Матичните лекари контра владината мерка, народот изpeволтиран – „Филипче ќе пpeтерува до кога му се може“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

30 денари од пациент за матичните лекари доколку 70% од нивните пациенти се вакцинираат. Оваа предлог одлука беше донесена официјално на 122-та Седница на Владата на Република Македонија, а има за цел да ги стимулира граѓаните да се вакцинираат.

Уште кога беше даден самиот предлог, во јавноста се појавија бурни реакции и критики како од народот така и од самите матични лекари кои сметаат дека ваквата одлука е понижувачка, несоодветна и крајно непристојна. Лекарите велат дека досега вршеле едукација врз своите пациенти околу вакцинацијата со цел да се заштитат, без притоа да бараат финансиски награди или слични стимулации.

– Матичните лекари ќе го добијат бонусот за пациентите кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 на крајот на пролетта – почетокот на летото 2022 година, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој кажа дека најголем број на пациенти кои ги има еден матичен лекар е 2.500, во просек околу 1.000 пациенти, и дека не е сума која треба да се занемари.

Др. Анкица Станоевска излезе со контра предлог на оваа владина одлука:

– 30-те денари од вакциниран осигуреник наместо на сметка на ординациите да бидат подарени на Министерството за здравство и Фондот за да обезбедат бесплатни ПЦР тестови за пациентите, изјави таа за ТВ Сител.

Др. Станоевска вели дека нема лекар што за половина евро ќе убедува некој да прими вакцина а од друга страна две години матичните мака мачат како да стигнат до термини за тестирање на цели семејства кои немаат можност да одат на приватно. Очекува нејзините колеги да се согласат со предложеното.

Лидија Чолакова Дервишова, претседателката на Сојузот на матични лекари гледа голема нелогичност во однос на како би го постигнале тоа, а и посочи дека немаат намера да прават нешто што е против законот и против уставот.

-Има докторка која почина три дена по примена вакцина, пациенти со хашимото, срцеви заболувања, автоимуни заболувања или едноставно лошо се чувствуваат после примена прва доза и кои не смеат да примаат вакцина. Здравјето на нашите пациенти и Хипократовата заклетва ни се на прво место, така што предлогот на Владата е непристоен, вели Дервишова.

-Нашите пациенти две години слушаат корона и за вакцини така да доволно се информирани, доволно свесни, се консултираа изминатите две години, секој пациент со својот матичен лекар и нормално тие кои што сакаа и можеа се вакцинираа, дополнува таа.

Од друга страна, матичниот лекар и претседател на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти, доктор Ненад Лазаров, пак поставува прашање: „Топ шоп“ телеоператори треба да бидеме наместо лекари?

– Ниеден пациент не сум разубедил, а сум настапувал аргументирано. Ако не сака, не сака. Првото нешто што ќе ми го каже е ,,јас да се вакцинирам, а ти да кркаш 30 денари по пациент”. Не понижуваат, ни велат да потпишеме дека нема да им се случи нешто од вакцината. Како да му сугерирам некому да се вакцинира, навистина не ми е јасно. Како „Топ шоп“ телеоператори треба да бидеме наместо лекари. Не знам како би убедил некого да се вакцинира, од тие што се разубедени дека не сакаат, освен со рестрикции и ограничен пристап до јавни сервиси. Не сакаат најчесто од небулозни причини, а после кога ќе дојдат болни да ги лекувам, се каат, вели доктор Лазаров во изјава за порталот „Слободен печат“.

Тој додава дека не е во ред здравствените власти на матичните лекари да им ја префрлаат топката за неуспешно спроведената вакцинална кампања.

Др. Лазаров претходно преку својот Фејсбук профил му порача на Министерот Филипче за 30 денари да дојде тој да натера некого за да вакцинира.

Реакциите и критиките од македонскиот народ исто така не стивнуваат. Во продолжение неколку од многуте негативни коментари поставени по социјалните мрежи во врска со Владината одлука.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, до 27 ноември, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Извор: Курир

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This