(ФОТО) ЗАПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА НОВИОТ КОМПЈУТЕР МЕК ПРО: Цената на овој компјутер е речиси колку еден стан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот технолошки гигант Епл започна со продажба на својот нов компјутер Мек Про преку нивниот веб сајт.

Во случај да размислувате да набавите еден ваков компјутер како подарок за некој „хардкор“ програмер, аниматор, аудио продуцент или било кој на кого му е потребен моќен компјутер, најниската цена за новиот Мек Про е 5.999 долари.

Меѓутоа, оние кои сакаат да ја имаат најмоќната верзија од овој компјутер, тоа задоволство ќе ги чини дури 52.599 долари со вклучен дaнoк, што овој компјутер го прави најскапиот Мек било кога направен.

Купувачите со длабок џеб за тие пари ќе добијат Мек со 28 јадрен Интел процесор кој работи на 2,6 гигахерци, 1,5 терабајти работна меморија, 4 терабајти меморија за складирање на податоци и две графички карти од 32 гигабајти.

Доколку горенаведените перформанси не ви значат ништо и на фотографиите гледате огромно и прескапо ренде, за истата цена можете да си купите солиден стан или пак нов автомобил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This