(Фото) Извpшeнa e нajгoлeмaтa пpoдaжбa нa akции вo иcтopиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ant Group, позади која стои сопственикот на Alibaba, Џек Ма, ја направи најголемата јавна понуда и продажба на акции во историјата.

Ова е голема победа за кинескиот технолошки гигант но и за државната берза.

Технолошката фирма која стои зад најголемата кинеска платформа за плаќање преку интернет, постави двојна котација на берзите во Хонг Конг и Шангај од 80 хонгконшки долари (10,32 долари), односно 68 јуани (10,13 долари) по акција, според регулаторните извештаи објавени во понеделникот.

Тоа значи дека ќе собере над 34,1 милијарди долари преку првичната јавна понуда, проценувајќи ја компанијата на околу 310 милијарди долари.

Претходниот рекорд во продажбата на акции (IPO) го имаше саудиската државна нафтена компанија Aramco, која собра 29,4 милијарди долари со издавање акции на берзата во Ријад минатиот декември.

Емисијата на акции е благодет за Пекинг, која ги охрабрува водечките технолошки компании во земјата да излезат на домашните берзи, наместо на оние во Соединетите Држави, каде контролата врз кинеските компании се зголемува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This