(Фото) Им нyдeл митo oд 400 дeнapи нa пoлицajцитe: Дeтaли oд вчepaшнaтa пoлициcкa akциja кaдe бeшe зaплeнeтa дpoгa вo вpeднocт oд 200 илjaди eвpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил мито од 400 денари на полицајците, за да не вршат претрес во неговото возило. Проценетата вредност на дрогата, што била пронајдена во камионот е околу 200.000 евра. Судот на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

– Осомничениот на 10 јуни 2021 година, околу 1 часот, на патниот правец Прилеп – Градско, додека управувал со возило бил запрен од сообраќајна контрола и му била побарана документација за товарното моторно возило МАН на кое имало прикачено полуприколка. Подавајќи ја документацијата кон полициските службеници, осомничениот ставил парични средства во износ од 400 денари, за полицајците да не извршат службено дејствие што би морале да го извршат. Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него – соопшти обвинителството.

При извршениот преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – марихуана, во количина од 48,063 килограми спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски паковки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This