(Фото) Интервју со бизнисменот Мите Бојчев од Италија – Планирав, но додека рeкeтaрcкaта и aнтинaционална СДСМ е на влacт нема шанси да инвестирам во татковината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот бизнисмен Мите Бојчев, сопственик на престижната италијанска компанија „Italmak & Silmit Construction“ во интервју за Курир.мк посведочи дека неговите планови за инвестирање во Република Македонија целосно се смениле со доаѓањето на власта на СДСМ. Од една страна, причина за повлекувањето била нетранспарентноста и основаниот страв од мито и рекет, кој се покажа како манир на дејствување на актуелната влада, а големо влијание имале и антинационалните дејанија на Заевата гарнитура, која како и секаде, силно ги разочарала и Македонците во Италија. Вели дека неговиот интерес за инвестиции во татковината, кој го споделуваат и многу други македонски бизнисмени од Италија, ќе се реализира само и само со промена на власта.

Бојчев и дава силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на обновата на државата. После сите криминални скандали, рекети и афери на СДС и нивниот лидер, кој според бизнименот е и главен режисер и актер, тој не гледа никаков резон за чесна и транспарентна соработка со една таква влада.

Потенцира, која е поентата да влезат со инвестиција и да ја загубат со уцени, рекети и ред други рушвети. Тоа, вели Бојчев, очигледно, се одрази и на другите странски инвестиции кои ги нема ни за лек во Македонија.
Со победата врз актуелната гарнитура, тој гледа шанса за враќање на имиџот на државата и искажување почит кон жртвата на генерации храбри Македонци кои го дале животот за Македонија.

Инаку, „Italmak & Silmit Construction“ е компанија во сопственост на Мите Бојчев како градежна фирма од био – градежништвото како гранка и дејност со дваесет години искуство во Италија. Ова е многу позната фирма која се занимава со изведба и реализира проекти од висок квалитет во две типологии на конструкции од дрво. Едната е брвнарски систем под француски термин ,,Chalet”, а другиот е X- Lam систем од ламелирани укрстени дрвени плочи на конструкција ,,Residence”. И двете типологии се на многу високо ниво на интерес како Био- градежна гранка кај италијанската популација.

Цветановски: Господине Бојчев, вашата фирма одлично работи во Италија. Како Македонец со доброразвиен бизнис во Италија, но и човек кој ја сака својата родна татковина, планиравте, но се повлековте поради власта на СДСМ. Дали сепак, би инвестирале ли во Македонија?

Бојчев: Планиравме, но откако се смени власта и почнаа со нивната нетранспарентност на самиот старт во кој ветија премногу, а не реализираа или реализираа се’ што не ветија, принудени бевме да ја смениме инвестициската фреквенција.
Ми беше мило и ќе бев горд како Македонец со странска инвестиција за сторените и реализираните проекти кои ќе беа и еден вид промотор на домашната економија.
Но очигледно, во програмата на сегашната власт со СДС не им беше економијата, туку антидржавен проект со кој ја извисија целата македонска нација.
Од кога го видов целиот неветуван проект од страна на СДС, се дистанциравме од самата инвистиција под таа гранка во својата родна татковина. Инаку, не беше некоја сума за потценување во самата инвестиција од над милион евра, но ке беше освежување за македонската економија затоа што ќе имаше и други соработки со различни домашни фирми.
Затоа, после моето дистанцирање како резултат на нетранспарентно работење на оваа рекетарска власт, немам нити намера се додека се на власт да инвестирам во татковината. Инаку имавме и проекти од таа гранка во стамбени објекти згради и ред како Био-градежништво

Цветановски: Зошто не би инвестирале во Македонија раководена од СДСМ и Зоран Заев? Преовладува нивната продажба на националните светии или тука дефинитивно има улога и економскиот момент, нивните криминални дејанија, рекетот и пуштените пипци во секоја пора на општеството?

Бојчев: После сите криминални скандали, рекети и афери на СДС и нивниот лидер кој е главен режисер и актер, јас не гледам никаков резон за чесна и транспарентна соработка со една таква влада.
Пред нивниот мандат ветуваа планини со благодети од кои ништо не реализираа, а атакуваа на матичното јадро на една држава и нација, нешто што не го ветуваа, а го реализираа.
И што треба да очекувам од таква влада?
Едноставно да влеземе со странска инвестиција и да ја загубиме со нивните уцени, рекети и ред други рушвети. А тоа, очигледно, се одрази и на другите странски инвестиции кои ги нема ни за лек во Македонија.

Цветановски: Дали вашиот став го делат и други македонски бизнисмени во Италија, чие враќање и инвестирање го спречува антинационалната и рекет ориентирана владина гарнитура?

Бојчев: Во поглед на мојата инвестиција во татковината после секојдневни средби со италијански бизнисмени кои се од високи позиции, има многу заинтересирани за да инвестираат како резултат на предходните даночни ставки и бенифиции од владата на ВМРО. На страна како дополнително од македонски фирми кои сме во контакт и кои сакаат да се вратат во својата родна татковина и да бидат дел од македонската економија.
Но тоа сето зависи од владината клима на соработка со странските инвестициски фирми. Пак ќе повторам, не со оваа гарнитура на СДС која е спротивна на меѓународните и европски вредности во поглед од доверба кон странските инвестиции и правната држава од кој си треба заштита на истото.

Цветановски: Какво е расположението на Македонците во Италија, ќе гласаат ли на 15-ти јули?

Бојчев: Јас сум и претседател на Македонското Здружение „Италија“ и сум оптимист за ВМРО-ДПМНЕ и убеден сум во нивната победа. Има многу разочарани од дијаспората поради промена на името и уставот, со индиректна дозвола на тогашното ВМРО ДПМНЕ, но се надеваме, по самата обнова на Македонија, дека ке дојде до правен акт и процес за тоа дело во кој виновниците ке бидат изнесени јавно пред лицето на правдата по таков гнасен чин на велепредавство.
Имавме и многу битна порака до ВМРО ДПМНЕ, како наредна влада да реализираат систем за електронско гласање во дијаспората.
Со тоа ке бидат заштитени самата партија, како народна партија, и ќе има клима на задоволително ниво кај целата дијаспора.Морам да бидам искрен дека во змјите на ЕУ не е како во Република Македонија, од град до град со малку километри, односно се работи се стотици километри. До секое дипломатско претставништво за гласање се работи за стотици километри. Свесен сум дека се работи за држава и власт која ке биде промотор и за целата дијаспора во сите избори, но секој има лично мислење од тој поглед.

Цветановски: Вашите очекувања од изборите на 15-ти, што мислите дека ќе се случи на нив и што тоа ќе значи за Македонија и Македонците?

Бојчев: Во поглед на резултатот од овие избори, убеден сум дека ке победи правдата,чесноста и обновата на ВМРО ДПМНЕ.
Не се сомневаме во нивните врвни проекти кои ги имаат во студиозната програма, но треба секој да знае дека нема реализирање на проекти и раст на економијата без држава. Држава со имиџ и достоинство. Да си ја повратиме државата како сме ја наследиле како име и имиџ во целиот свет и секоја нормална држава.
Да се надеваме од новата влада на ВМРО ДПМНЕ ке покрене правен акт против сите злосторници од кои ке бидат казнети за стореното под истото на македонската неследена од предците држава и нација.
Сите велепредавници мора да бидат казнети за да видат и да го осетат на своја душа, зашто некој некогаш се борел и го дал својот живот за тие тоа денес што го продадоа.

Цветановски: За крај, уште еднаш, доколку победи коалицијата за Обнова, да ве очекуваме ли набргу во Македонија?

Бојчев: После новата власт на ВМРО ДПМНЕ би ми било задоволство и би бил горд да инвестирам во својата матична држава како резултат на чесноста и враќање на правната држава, естаблишмент во кој мегународните договори на соработка ке бидат заштитени од самата власт,и тоа ке биде извор на други странски инвестиции како резултат на транспарентноста од самата влада на ВМРО ДПМНЕ.
Со почит ги поздравувам и ги повикувам сите Македонци во целиот свет на масовно обединување и да гласаат за обнова на Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
Секој треба да разбере и да биде свесен дека гласал триесет години за било која партија, но ова гласање е клучно гласање пред се’ за самите нас, за повраток на сопствениот идентитет кој го упропасти предходната влада на СДС и Заев кои ветуваа планини од благодети и не ги реализираа, а реализираа се што не ветија.
Бидете сите сплотени и единствени како секоја друга нација за добро на нашите идни генерации.
Да си го повратиме светскиот имиџ во државата и да не го потцениме животот кој го дале генерации храбри Македонци за Македонија.
Да излеземе масовно на 15-јули и да го дадеме гласот и шанса на ВМРО ДПМНЕ како народна партија која ке се грижи за македонскиот народ и нација.
Со почит кон целиот македонски народ, а на ВМРО ДПМНЕ му посакувам убедлива победа и обединување на сите партии против оваа багра во изборието и што побргу на дијалог за соработка со нашата странска инвестиција.
Да живее Република Македонија и македонскиот народ во целиот свет!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This