(Фото) Искинато македонско знаме се вее на граничниот премин Ќафасан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Искинато државно знаме на Република Македонија се вее на поставениот јарбол на граничниот премин Ќафасан, спротивно на член 6 од Закон за употреба на грбот, знамето и химната на државата.

Нашето знаме е искинато и не личи на ништо и секоја чест на службите на Албанија, нивното знаме е репрезент на државата во која се службеници. Разбирам дека знаме може да се искине и оштети и т.н, ама може и да се замени. Не сакам некој да биде казнет или да одговара за ова, само сакам да нема искинати знамиња, поготово на гранични премини. Полошо добредојде од ова нема, реагира читател до нашата редакција кој ни испрати и фотографија.

Според Член 6 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија стои: „Грбот и знамето на Република Македонија не смеат да се употребуваат ако се дотраени, неуредни, искинати или на друг начин оштетени, или со својот изглед се неподобни за употреба. Оштетените или за употреба неподобните грб и знаме на Република Македонија се повлекуваат од употреба.“

Извор: Република

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This