(Фото) Историска бomба од Грција: Во 1905 година била создавана македонска граматика – соседите направиле се за да го спpeчат обидот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Историските извори говорат за одлука на македонската Организација за прогласување на македонски јазик и македонска граматика пред 1905 година. Тоа ги алармирало соседните држави да направат се што можат да спречат создавање на македонски литературен јазик.

Грчкиот весник Скрип, на 8 јули 1905 година објавува алармантна вест. Веста е за одлуката на Организацијата, за создавање на нова македонска граматика. Таа ќе се употребува во „бугарските училишта во Македонија“, однесувајќи се на егзархиските училишта.

Во информацијата во грчкиот весник Скрип, понатаму се вели:

„… Пред неколку месеци во Битола е донесена одлука и е формирана Комисија од страна на македонската Организација. Таа комисија има задача да создаде македонска граматика. Комисијата се состои од седум професори по лингвистика. Како основа на оваа граматика ќе се земе дијалектот кој се зборува во битолскиот вилает. Овој дијалект / народен говор / веќе е прогласен од страна на Комисијата како македонски јазик. Учителите во словенските училишта во Македонија, имаат специјална наредба. Наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот. И преку него да се постават основите за создавање на независна Македонија. Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги. Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик“, затворен цитат.

Ова е до сега едно од најзначајните откритија од современите македонски истражители. Особено што говори за создавање на посебен македонски јазик и граматика и независна Македонија пред 1905 година. Тоа значи дека ВМРО на Тодор Александров не е првото кое објавило слоган за Независна Македонија. Туку тоа било цел на Организацијата уште во Илинденскиот период.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This