April 24, 2024, 12:57 am

(Фото) Историјата во Вевчани се повторува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Историјата во Вевчани се повторува. Како пред 33 години, така и сега, власта удри по Вевчани и вавчанци. Денеска полицијата се обиде да го спречи Карневалот кој се одржува со векови и да ја цензурира слобоната мисла и сатира.

Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите настани кај нас. Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи на кој најчесто се исмејуваат настани и лица кои оставиле впечаток во измината година.

(Oбјавено на првата официјална Веб страна на општина Вевчани, изработена во 2000 година)

„ “Вевчанскиот случај”, кој во својата најдрастична форма се манифестираше со двете интервенции на полицијата на 26 мај и 7 август 1987 година, по изминат период од речиси една и пол деценија, а во историски контекст, своето место го наоѓа токму во континуираниот отпор на вевчанци, при посегањето во нивните права. Тој всушност стана најсилна метафора на нивната вечна борба за опстанок на овој простор и на непокорот, кој со векови, постојано ги иницира развојните процеси и размислувањата за проширување на слободите и демократијата.

Поавторитетните аналитичари на настаните од 1987 година и во годините што следуваа, кога на демонстрацијата на сила од страна на власта и на примената на различните форми на притисок се одговараша со разни форми на непослушност, протести и борба за зачувување на сопственото достоинство, оценуваат дека атакот врз Вевчани имаше повеќе причини. Тие на крајот сосема се вклопуваат во сценариото и намерата на власта за демонстрација на сила и обидот да го бранат тогашниот политички “систем”, ако е потребно со употреба на сите видови на сила и со сите и најгруби форми на притисок врз граѓаните.

Партиско – полициските структури го очекуваа отпорот на вевчанци, но ни оддалеку во своето сценарио не можеа да ги предвидат формите на отпорот, неговите димензии, влијанието на медиумите, како и текот на политичките процеси и промени што ги зафатија некогашните социјалистички држави, а во кои Вевчани има доминантно и заслужено место.

Вевчанци се обидоа и годинава да останат доследни на традицијата. И покрај забраните за групирање тие и годинава ги ставија маските. И покрај тоа што вевчанци се обидоа да го направат дефилето, полицијата ги спречи.

Идеолошка матрица на власта во медиумскиот настап и налагаше предимензионирање на формалната причина за спорот – водата, а во идеолошкиот настап, во не многу затскриена форма минимизирање на сопствената глупост, зад синтагмата “вевчански синдром”, која како црв ја риеше и уриваше самодовербата на власта во релизацијата на кабинетските сценарија.“

Вевчанци се обидоа и годинава да останат доследни на традицијата. И покрај забраните за групирање тие и годинава ги ставија маските. И покрај тоа што вевчанци се обидоа да го направат дефилето, полицијата ги спречи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This