(Фото) Како од бајките: Погледете како изгледа љубовната приказна на Џамбазов и Илина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Игор во неодамнешно интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со планинарката Илина Арсова, па откри како се запознале и како почнала нивната емотивна приказна.

-Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и се јавив. И се претставив и и кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе.

После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. После неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа.

Се немавме видено долго време се додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а се после тоа е историја, раскажа Џамбазов.

Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.

-Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи се. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае, призна Игор.

Парот цело лето го помина во Дојран, уживајќи во заедничките мигови, а потоа и низ западна Македонија, во село Јанче, крај Радика и во Галичник.

Ако Џамбазов го препознаваме по микрофонот, камерите и сцената, тогаш за Илина тоа е природата, планините и искачувањето на истите.

Деновиве Илина реши со себе да го поведе и својот сакан Џамбазов со кого уживаат на една од нашите природни убавини во снежна идила.

Арсова денес објави низа фотки на кои се гледа како блескаат од радост, со широка насмевка, едноставно како детска радост. Па не е и чудно што многумина коментираат дека Џамбазов ја доживува својата втора младост.

дба и се гледа во улога на мајка

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This