March 28, 2024, 10:22 pm

(Фото) Кандидатка на опозицијата елиминирана од изборната кампања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатката за пратеник од ГРОМ во изборната единица 4 на листата на ВМРО-ДПМНЕ Билјана Петрушева е елиминирана од изборната кампања со помош на тест според кој наводно била позитивна на Ковид19.

Како одговорна личност, со почетокот на предизборната кампања знаејќи дека ќе имам средби со повеќе луѓе, по сопствена желба побарав да бидам тестирана за COVID-19. Довербата ја дадов на Ковид Центарот ЈЗУ Општа Болница – Гевгелија, и тестот беше направен на ден 26.06.2020, петок, пишува Петрушева на Фејсбук.

По добиените резултати, кои биле позитивни, Петрушевска, за да биде сигурна го повторила тестирањето. Кога на нејзино изненадување добила негативен резултат на вториот тест, направила уште еден тест, кој исто така бил негативен.

Петрушева во писмен допис ја објаснува причина зошто воопшто се тестирала?

“Вработена сум во институција во која изминатите месеци имавме наплив од странки, двајца колеги беа позитивни на вирусот а неколку колеги беа тестирани. Не сум била во директен контакт со колегите но како институција со голем број вработени никој не може да знае кој како се однесувал претходниот ден.

Потоа како кандидат за пратеник во изборна единица 4 сметав дека не смеам да си дозволам да ги изложам на ризик оние со кои ќе соработувам, ке се среќавам итн. На крајот на краиштата и поради моето семејство со оглед дека од град со најголем број зболени одам во средина каде пандемијата е под контрола.

Сметав дека ќе бидам поспокојна ако добијам официјална потврда дека не носам никаков ризик по околината”, објаснува Петрушева која сега смета дека згрешила што довербата ја дала на јавното здравство односно на општата болница Гевгелија и епидемиологот д-р Сашко Олумчев каде го направила тестирањето на 26.06. следниот ден од доаѓањето во Гевгелија.

“На моето прашање кога ќе го добијам резултатот од страна на докторот информацијата беше 2 до 3 дена а може и за еден ден. Сепак одговорот го добив шестиот ден на 1 јули и тоа на мое прашање ипратено до докторот по порака на Фејсбук со текст: Дали заради моето одговорно однесување можам да бидам спокојна. Пораката од моја страна е пратена во 13 и 3 минути а одговорот го добив истиот ден во 17.и 40 со содржина: “За жал не. Тестот е позитивен веднаш изолирајте се и размислете за контактите”.

Петрушева објаснува дека нејзин следен чекор бил изнаоѓање информација каде може да добие потврда со ново тестирање и веднаш сама со возило успеала да стигне во Скопје во КН Аџибадем Систина каде направила брз “Пи си ер” тест при што резултатот бил негативен.

“Во меѓувреме информациите за мојот позитивен тест стигнале до моето семејство до колегите од центарот за вработување Гевгелија и тоа беше најмачниот период во оваа голгота кога сеуште не бев спокојна и не знаев на кого да верувам со еден позитивен и со еден негативен тест.

Следниот ден во 9 часот направив тестирање во лабораторијата Биотек и овде резултатот беше негативен.

Истиот ден 02.07. ме контактираше епидемиолог – госпоѓа од Ckкопје која беше изненадена – кога сум успеала да направам две тестирања. Затоа што и потенцирав дека сум во кампања и дека одлично се чувствувам ми рече дека многу грешки се прават со тестовите и дека за мојот случај цитирам ќе реферира следното утро на комисија.

За жал следното утро имавме непријатен разговор и ми беше доставено решението за изолација со адреса Чаир иако живеам во ЦЕНТАР. По 4 дена ме посети лице од полиција и толку.

До денес, 17 ден од тестирањето комуницирам само со матичниот лекар и сум во изолација.

Цело време сум во одлична состојба, фала богу и сите од моето опкружување-семејството, пријателите, колегите од тимот со кој тебаше да ја тераме кампањата се одлични а Гевгелија нема активен случај на корона”, вели Петрушева за која останува горчливиот вкус што една благородна и одговорна намера се претворила нејзина казна и многу неодговорени прашања.

”Затоа само сакам да порачам довербата е многу многу скап подарок –внимавајте кому ја давате затоа што скапо чини”, заклучува Петрушева во своето писмено известување во врска со начинот на кој била елиминирана од најголемиот дел до предизборната кампања.

Стресот и стравот да не наштетам на себе и на другите не може да се поправи, а единствена сатисфакција во сето ова е фактот што сум сигурна дека со моето однесување не загрозив никого. Жалам за многуте кои поминале низ ваков пекол кое само е доказ за слабостите на системот, кој не си ги признава сопствените грешки туку го обвинува народот. Освен претрпениот стрес, цената што ја платив беше и предвремено завршување на мојата предизборна кампања, неможност да се сретнам и обратам пред гласачите на мојата изборна единица, пред моите сограѓани, пријатели, роднини. Но тоа не ме поколеба во рамки на можностите, со работа од дома, да продолжам да се претставувам себеси и проектот Обнова на Македонија.

Функциите доаѓаат и заминуваат но најголемата вредност во животот е здравјето! На сите ви посакувам добро здравје, и Ви порачувам со почитување на мерките да го зачуваме!

Со почит,
Билјана Петрушева
Кандидат за пратеник во ИЕ 4 од Коалицијата за Обнова на Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This