- Advertisement -
Каролина Гочева и Михаил Корубин се совршен пар во секој поглед, а тоа може да се заклучи и од последните фотографии кои музичката ѕвезда ги сподели на Инстаграм како потсетување на нивното ланско патување во Лос Анџелес.
– Барав фотки за #10yearchallenge, ама најдов преубави спомени од лани ова време – напиша Каролина под серијалот фотографии.
Стилски компатибилни и убави, на двојката не може да и се најде ниту една замерка.